16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе продава најстарата шпанска јувелирница

Се продава најстарата шпанска јувелирница

carera

Водечката руска банка „Сбербанк“ бара купувач за најстарата шпанска јувелирска куќа „Карера и Карера“, која пред две години ја купија руски инвеститори.

Според официјалните податоци, приходите на јувелирницата во 2010 година достигнале 20 милиони евра, во 2011 година се зголемени на 27 милиони, а во 2012 година достигнале околу 30 милиони евра.

Просечната вредност на чековите кои купувачите ги оставале во продавниците на „Карера и Карера“ се од 2.500 до 7.000 долари. Јувелирницата, чии заштитни лица се Џенифер Лопез и Деми Мур, е присутна во 40 земји на 279 продажни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП