26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтара навика: Роналдо пред сите други го напушти теренот!

Стара навика: Роналдо пред сите други го напушти теренот!

Кристијано Роналдо се навикна рано да го напушта теренот.

Како што тоа го направи неколку пати оваа сезона, во дресот на сега веќе поранешен клуб, Манчестер Јунајтед, продолжи во дресот на Португалија.

Кристијано ги одигра последните 15 минути од победата над Швајцарија од 6-1 во која неговиот гол беше поништен поради офсајд во 84. минута.

Меѓутоа, кога португалците славеа голем триумф со навивачите на крајот од мечот, Роналдо повторно се одвои и сам го напушти теренот.

Исто како што тоа го направи есенва на Олд Трафорд, кога реши да не ја слави победата над Тотенхем со соиграчите.

И оваа вечер на теренот се гледаше дека Роналдо не е задоволен, често нервозно гестикулираше иако во тие моменти беше 5:1.

Без разлика, Португалија се чини дека игра далеку подобро без 37-годишниот напаѓач.

Се покажа дека овој тим на Фернандо Сантос има сила и иднина, а тоа најдобро го потврди тројниот стрелец, Гонзало Рамос.

Сантош му веруваше од првата минута, го остави Роналдо на клупата, тоа беше перфектен потег на искусниот стратег.

Единствено е што тоа очигледно не му се допадна на Роналдо.

И овој негов гест покажува дека тој е ист, без разлика дали е клубот или репрезентацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП