29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарскиот лидер направи хаос во ЕУ, неговиот потег го доведе во прашање...

Унгарскиот лидер направи хаос во ЕУ, неговиот потег го доведе во прашање опстанокот на Ураина?!

Официјални лица на Европската унија ветија дека ќе и дадат на Украина финансиска помош од 18 милијарди евра, но Унгарија стави вето на финансирањето.

Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, им рече на новинарите дека ЕУ мора да ги исполни своите ветувања кон Украина.

„Украина е во војна“. Очајно и треба нашата поддршка и едноставно не можеме да дозволиме една земја-членка да ја откаже или одложи оваа финансиска поддршка“, рече Домбровскис.

Да потсетиме, ЕУ вети дека ќе му обезбеди заеми од 18 милијарди евра на Киев, но Унгарија денеска го блокираше тоа на состанокот на министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ.

Откако Унгарија одби да даде согласност за макроекономска помош за Украина, чешкото претседателство одлучи да го повлече целиот пакет од дневниот ред.

„Не можевме да го усвоиме пакетот како целина, но не сме обесхрабрени.
Нашата амбиција сè уште е да започнеме со исплата на помош за Украина во јануари“, изјави чешкиот министер за финансии Збинек Стањура.

„Парите ќе одат во Украина, ќе учествуваат или 27 или 26 земји-членки. Треба да можеме да испраќаме пари во Украина“, додаде европратеникот Даниел Фројнд, чест критичар на унгарската влада. Тој го обвини Орбан за злоупотреба на правото на вето.

„ЕУ ќе најде начин да ја поддржи Украина дури и без Унгарија. Но, тоа значи повеќе време, повеќе труд, повеќе трошоци. Виктор Орбан не можеше да му даде подобар подарок на Путин денес“, рече Фројнд.

Сега се разгледува можноста за свикување вонреден состанок на министрите за финансии. Доколку ситуацијата ескалира, не се исклучува можноста прашањето да се најде на дневен ред на самитот на лидерите на ЕУ.

Комесарот за буџет Јоханес Хан рече дека Комисијата ќе се обиде да најде решение за Украина до следниот месец, можеби преку механизмот за засилена соработка, што е еден начин да се избегне вето. Но, во тој случај, земјите-членки треба да обезбедат гаранции во нивните национални буџети, а во некои земји за тоа е потребна одлука на нивните парламенти, што може да потрае.

Одлуката за предлогот за замрзнување на средствата на Унгарија треба да биде донесена најдоцна до 19 декември. Комисијата предложи за Унгарија да се суспендираат 65 отсто од средствата од три оперативни програми во рамки на кохезионата политика, во износ од 7,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП