Русија размислува да постави цена под која нема да ја продава својата нафта на меѓународниот пазар како одговор на воведувањето ограничувања на цената на руската нафта наметнати од ЕУ, Г7 и Австралија, објави денеска Блумберг, цитирајќи двајца официјални претставници запознаени со планот.
Москва размислува или да воведе фиксна цена за барел руска нафта или да пропише максимални попусти на меѓународниот пазар на кој може да се продава руската нафта, пишува Блумберг.

