2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМосква го обвинува Киев за нападот со дрон

Москва го обвинува Киев за нападот со дрон

Беспилотно летало погоди аеродром во руската област Курск, која граничи со Украина, при што запали складиште за нафта, изјави во вторникот регионалниот гувернер.

„Нема жртви. Пожарот е локализиран. Сите служби за итни случаи работат на местото на настанот“, објави гувернерот Роман Старовојт преку апликацијата за пораки Телеграм.

Тој подоцна рече дека регионот одржал состанок на својата „антитерористичка комисија“. Тој не кажа кој е одговорен за инцидентот.

Пожарникарите во моментов го гаснат пожарот кој зафаќа 500 квадратни метри, јави агенцијата РИА.

Градот Курск е на околу 100 километри од украинската граница.

Русија претходно ја обвини Украина дека извршила напади со беспилотни летала на територијата на Русија, вклучително и нападот во понеделникот кој погоди две воздушни бази на стотици километри од Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП