5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата го поништи државјанството на Онишченко

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.

„Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во коешто се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница. Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство“, соопшти владината прес-служба.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП