Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска на Твитер сподели дека пристигнат е тим од Вашингтон кој поагресивно ќе истражува корупција кај бивши и сегашни функционери.
-Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот, вели американската амбасадорка.
Aмбасадорката на САД во неколку настапи ја посочи корупцијата како еден од најголемите проблеми за развој на земјата. Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балкан, Габриел Ескобар најави дека се предвидуваат санкции за корумпирани официјални лица од Балканот кои ќе бидат тргнати од одговорните позиции.
Искрено се надеваме дека во иднина со помош на американскиот партнер ќе видиме дека македонските државни функционери не се над законот и дека ќе одговараат за секоја криминална постапка.