27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапознајте го ,,најскржавиот” милионер

Запознајте го ,,најскржавиот” милионер

dan_nainan

Ден Наинан живее во Њујорк, град со најдобар јавен превоз, но тој сепак избира пешачење, понекогаш дури и неколку километри до неговата дестинација.

Кога патува секогаш се обидува да најде бесплатно сместување, а во кафуле може да се види само кога ќе му затреба бесплатно Wi-Fi.

Важно е да се напомене дека овој скржавец е милионер. ,,Постојат два начини да станеш милионер-или многу заработуваш или многу штедиш. Јас ги комбинирам и двете”, вели Наинан.

Иако ја напушти својата работа како програмер и стана стенд-ап комичар, успеал да заштеди 1,6 милиони долари. Она што му било хоби сега му носи приходи од десет илјади долари по настап. Голем дел од тие пари веднаш ги става на страна и ги штеди, бидејки, како што вели тој, никогаш не се знае кога работодавците ќе престаната да те викаат.

Дури и кога работодавците великодушно му ги покриваат патните трошоци, тој пази да го плати патот што поевтино. Во една прилика во автобус до Бостон платил еден долар, а на тој настап заработил десет илјади долари .Верува дека неговата штедливост му е вродена и дека тој има индиски и јапонски корени кои се многу штедливи нации.

Наинан никогаш не купува нови производи, туку секогаш се труди да пронајде по огласите половни и поевтини. За шишање не плаќа повеќе од 10 долари, а маици не плаќа повеќе од 15 долари. Исто така одбива да купува било какви подароци на својата фамилија и пријателите.

,,Со години ги тренирав да не очекуваат ништо од мене, а што е најважно и ништо да не ми поклонуваат. Ништо не ми треба бидејки живеам многу едноставно”, заврши Наинан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП