26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТирана: Што се очекува од самитот ЕУ-Западен Балкан

Тирана: Што се очекува од самитот ЕУ-Западен Балкан

На самитот во Тирана ќе учествуваат околу 40 европски претставници и лидери од цела Европската унија и од Западен Балкан.

Од Брисел беше соопштено дека самитот со Западен Балкан се одржува со цел зајакнување на стратешкото партнерство како и енергетската соработка.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно во понеделникот изјави дека самитот го покажува зголемениот геостратешки интерес на ЕУ во регионот, за време на руската војна против Украина, и посочи дека Унијата мора тесно да соработува со Србија, која не се приклучи на санкциите против Москва.

Рама, оценил дека овој самит е најважниот настан во историјата на меѓународните односи на Албанија.

Се очекува дека декларацијата од самитот ќе ја нагласи определбата на Западен Балкан да се придвижи кон членство во Унијата, а не само вообичаената „европска перспектива“.

Во изготвената декларација е и прашањето за роаминг, односно намалување на цените на роаминг од 2023 година, постепено, со цел целосно укинување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП