29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразилците ја преслушаа Јужна Кореја, во четвртфиналето дуел со Хрватска

Бразилците ја преслушаа Јужна Кореја, во четвртфиналето дуел со Хрватска

Фудбалската репрезентација на Бразил денеска на стадионот „947“ ја совлада селекцијата на Јужна Кореја со 4:1 (4:0) во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Головите за Бразил ги постигнаа Винисиус Жуниор во 7.минута, Нејмар во 13.минута, Ричарлисон во 29.минута и Лукас Пакета во 36.минута. Стрелец на единствениот гол за Јужна Кореја беше Паик Сеунг-хо во 76. минута.

Бразил уште од првата минута воспостави темпо кое противникот не можеше да го следи. Шансите следеа една по друга, Винисиус Јуниор ја искористи едната во 7. минута за водство на својот тим. Бразилците имаа поголем посед на топката и се чинеше дека играта се одвива само околу шеснаесетникот на Јужна Кореја. По прекршокот над Ричарлисон во шеснаесетникот и досудениот пенал, Нејмар без проблеми беше прецизен од белата точка за 2:0.

Новиот гол за Бразилците го постигна Ричарлисон во 29. минута по одличната акција на тројца бразилски играчи, по што остана сам пред голманот кого рутински го матираше. Во слична ситуација во 36. минута се најде Лукас Пакета, кој исто така беше прецизен за 4:0.

Второто полувреме Бразилците го отворија исто како и првото, само што јужнокорејскиот тим беше поагресивен во одбраната, па Бразилците не добија лесно шанса за шут. Јужна Кореја имаше се поголем посед поради лежерната игра на Бразилците кои лесно ја губеа топката.

Во 76. минута Паик Сеунг-хо шутираше од далечина и зголеми на 4:1.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот. Репрезентацијата на Бразил во четвртфиналето на Светското првенство ќе се сретне со селекцијата на Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП