26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогноза: Цената на биткоинот следната година ќе достигне 250.000 долари

Прогноза: Цената на биткоинот следната година ќе достигне 250.000 долари

Еден од најголемите инвеститори во криптовалути, Тим Дрејпер, даде смело предвидување за цената на биткоинот во 2023-та година.

Не е прв пат Дрејпер да цели толку високо, потсетува „CNBC“. Тој очекуваше криптовалутата да ја достигне таа цена веќе на крајот на оваа година.

За време на технолошката конференција на „Web Summit“ минатиот викенд во Лисабон, милијардерот го ажурираше своето предвидување за колапсот на „FTX“.

„Ја продолжив мојата прогноза за шест месеци. 250.000 долари сѐ уште е мојот број“, рече Дрејпер.

Сепак, за да се случи ова, биткоинот ќе треба да се зголеми за речиси 1.400% од сегашната цена. Моментално е достапен за околу 17.000 долари.

Криптовалутата е намалена за повеќе од 60% од почетокот на годината. Дигиталните валути се во депресија бидејќи построгата монетарна политика од ФЕД и верижната реакција на банкротства на големите индустриски фирми вклучувајќи ги „Terra“, „Celsius“ и „FTX“ извршија силен притисок врз цените. Колапсот на „FTX“, исто така, ја влоши и онака тешката ликвидносна криза во индустријата. Крипто-берзата „Gemini“ и заемодавачот „Genesis“ се меѓу фирмите за кои се вели дека се погодени од последиците од банкротот на „FTX“.

Како биткоинот ќе достигне 250.000 долари?

Според Дрејпер, одговорот лежи во жените. Ќе ја „скршат браната“, фигуративно вели тој.

Образложението на Дрејпер за пробивањето на биткоинот во 2023-та година е дека во оваа фаза сè уште има огромна неискористена демографија за криптовалутите – жените.

„Моја претпоставка е дека со оглед на тоа што жените контролираат 80% од трошењето на мало и само 1 од 7 биткоин паричници моментално ги чуваат жени, браната ќе се скрши“, вели Дрејпер.

Крипто-индустријата долго време има проблем со родовата нееднаквост. Според истражувањето спроведено за „CNBC“ и „Acorns“ од „Momentive“, двојно повеќе мажи отколку жени инвестираат во дигитални средства (16% од мажите наспроти 7% од жените).

„Трговците на мало ќе заштедат приближно 2% на секое купување направено во биткоини во однос на долари“, објаснува Дрејпер.

„Откако трговците на мало ќе сфатат дека тие 2% можат да го удвојат нивниот профит, биткоинот ќе биде сеприсутен“, тврди тој.

Посредниците за плаќање како што се „Visa“ и „Mastercard“ моментално наплаќаат такси до 2% секогаш кога имателите на кредитни картички ја користат својата картичка за да платат за нешто. Биткоинот нуди начин луѓето да ги заобиколат посредниците. Сепак, користењето на дигиталната монета за секојдневно трошење е тешко бидејќи нејзината цена е многу нестабилна и монетата не е широко прифатена како валута.

„Кога луѓето можат да ја купат својата храна, облека и за други потреби само со биткоини, нема да им требаат централизирани банкарски фиат долари“, додава милијардерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП