2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија усвои план за привлекување на странски инвестиции

Италија усвои план за привлекување на странски инвестиции

italija3

Италија денес усвои план од 50 точки со цел да стане поатрактивна за инвеститорите, така што ќе ги намали бирократските и даночните проблеми со кои инвеститорите се соочуваат во оваа земја.

„На нашата земја многу и се потребни странски директни инвестиции и ние не се плашиме од глобализација“, изјави италијанскиот премиер Енрико Лета по состанокот со владата, пренесува агенцијата Франс прес.

Лета изјави дека Италија ќе одржи серија на презентации во странство со цел да ги информира инвеститорите за промената, додавајќи дека најпрво ќе присуствува во Њујорк наредната недела.

Италија се соочува со двегодишна рецесија, а властите велат дека слаби знаци на закрепнување се очекуваат на крајот на годината, иако економијата на ниво на цела година, ќе потоне за околу 1,4 проценти.

Штедењето и структурните реформи со цел ограничување на долгот и дефицитот, заедно со слабата економска клима во еврозоната, влијаат на економскиот раст во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП