6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОваа година ќе се превземат над 100 милијарди апликации

Оваа година ќе се превземат над 100 милијарди апликации

apli

Оваа година сопствениците на паметни телефони ќе превземат вкупно околу 102 милијарди мобилни апликации. Со тоа овој бизнис ќе има вредност од околу 26 милијарди долари, предвидува аналитичката компанија „Gartner“.

Скоро 90 проценти од сите превземени апликации или се за „Android“ или за „iOS“ уредите. Околу 91 процент од апликациите ќе се бесплатни. Најголемиот дел од приходите, сепак доаѓаат од набавките на дополнителни содржини во внатрешноста на програмите што постепено ќе се претвори и во основна цел на програмерите, сметаат аналитичарите.

До 2017-та година околу 48 проценти од сите приходи од мобилните апликации ќе се реализираат токму од купувања внатре во нив. Оваа година се очекува процентот да е 17 отсто. Тоа сепак не значи дека можеме да очекуваме крај на платените апликации. Анализите покажуваат дека набавките внатре во апликациите се ефикасни, дури и при платените верзии. Просечната цена на една платена апликација оваа година е околу 2 долари.

Интересот на корисниците на апликациите нема да се намали. Според „Gartner“ во наредните четири години бројот на превземените апликации ќе се зголеми за 2,6 пати. Во исто време приходите од нив ќе се зголемуваат за 2.9 пати.

Аналитичарите очекуваат дека до 2017-та година, онлајн продавницата за апликации „Google Play“ всушност ќе го намали својот удел во сегментот. Причината за тоа ќе биде зголемувањето на популарноста на алтернативните предлози во големите пазари како Кина, каде веќе има две онлајн продавници, кои привлекуваат се повеќе корисници кои симнуваат софтвер за „Android“ уредите од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП