19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Подготвуваме одговор за Западот

Русија: Подготвуваме одговор за Западот

Москва подготвува одговор за Западот за воведувањето на ограничувањата на руската цена на нафтата, а едно е очигледно – нема да ја признае таа одлука, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Одлуките се подготвуваат, но, се разбира, едно е очигледно – нема да признаеме никакви горни граници (цените на нафтата), рече Песков.

Нафтените санкции на западните земји стапија на сила во понеделникот. Европската унија престанува да купува руска нафта што се транспортира по морски пат, а земјите од „големата седумка“, Австралија и Европската унија воведуваат ограничување на цената на нафтата што се транспортира по морски пат од 60 долари за барел.

Песков посочи дека воведувањето на граничната цена на нафтата нема да влијае на финансирањето на специјалната воена операција и дека руската економија има потенцијал да ги задоволи сите свои потреби.

Санкциите против Русија им штетат на Европејците

Санкциите против Русија им штетат на Европејците, вклучително и на германската економија, тоа е очигледно, рече портпаролот.

-Веројатно би било непрофесионално да се премолчи за штетите што санкциите им ги нанесуваат на европските земји. Мислам на сегментите на санкции кои Европејците и Европската Унија ги воведоа против нас. Тоа многу добро го знаат и нашите експерти, како и експертите во Брисел и Берлин – рече Песков.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно за европското издание на весникот „Форин аферс“ изјави дека се зголемува ефикасноста на санкциите против Русија, а ЕУ и НАТО се посилни од кога било досега. Според него, пораката на Западот до Москва е јасна: „Ќе ја заштитиме секоја педа од територијата на НАТО“.

Канцеларот смета дека рускиот лидер Владимир Путин погрешил кога претпоставил дека акциите во Украина ќе доведат до „заострување на односите меѓу неговите противници“.

-Во реалноста се случи токму спротивното: Европската унија и трансатлантската алијанса се посилни од кога било досега. Ништо не го покажува тоа толку јасно како невидените економски санкции на кои сега е изложена Русија – рече Шолц.

Нафтените санкции на Западот стапуваат на сила во понеделник, на 5 декември: ЕУ престанува да прифаќа руска нафта транспортирана по морски пат, а земјите од Г7, Австралија и Европската унија наметнуваат ограничување на цената за нејзиниот поморски транспорт од 60 долари за барел.

Потпретседателот на руската влада, Александар Новак, коментирајќи ги овие одлуки, истакна дека Русија нема да ја прифати горната граница на цената на нафтата, дури и ако треба да го намали производството. Тој додаде дека таквите ограничувања се мешање во пазарните инструменти, а Русија е подготвена да работи само со оние потрошувачи кои ќе работат според пазарните услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП