3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДрама на небото: Бомба во авион?

Драма на небото: Бомба во авион?

Летот на easyJet од Краков, Полска за Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага.

Авионот бил пренасочен поради извештаи за „можна бомба“ во авионот.

Според чешкиот аеродром, Ербас А320 полетал од Краков, Полска за Бристол во неделата, кога бил пренасочен кон главниот град на Чешка каде безбедно слетал синоќа во 22.50 часот, објави Гардијан.

„Чешката полиција ги спроведе сите неопходни дејствија за да ја обезбеди безбедноста на патниците и целиот воздушен сообраќај“, се вели на Твитер профилот на чешкиот аеродром.

Аеродромот во Прага подоцна објави дека во авионот не е пронајден опасен предмет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП