25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата пораснаа по одлуката на групата ОПЕК+

Цените на нафтата пораснаа по одлуката на групата ОПЕК+

Цените на нафтата пораснаа вечерва за 2,0 отсто по одлуката на групата ОПЕК + да остане со намалување на производството пред ценовните ограничувања и забраната за увоз на руската нафта по морски пат во Европската унија.

Во исто време, имаше позитивни знаци за побарувачката на гориво бидејќи повеќе кинески градови ги олеснија ограничувањата за Ковид во текот на викендот, но олеснувањето од град по град на тие мерки поттикна конфузија низ целата земја.

Суровата нафта од типот „брент“ за испорака следниот месец (фјучерс договори) продолжи со растот и утринава на азиските берзи се тргуваше во пораст за 72 центи, или 0,8 отсто, на 86,29 долари за барел.

Фјучерсите на американската сурова нафта WTI се зголемија за 70 центи, или 0,9 отсто, на 80,68 долари за барел.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, група наречена ОПЕК +, се согласија во неделата да се држат до нивниот октомвриски план за намалување на производството за 2,0 милиони барели дневно до 2023 година.

Аналитичарите велат дека одлуката на ОПЕК + се очекува бидејќи главните производители чекаат да го видат влијанието на ембаргото за увоз на ЕУ и одлуките на Групата седум (Г7) за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, при што Русија се заканува дека ќе го намали снабдувањето на која било земја што ја прифаќа одлуката на Г7.

ЕУ ќе мора да ја замени руската нафта со испораки од Блискиот Исток, Западна Африка и САД, што ќе постави ниска цена во блиска иднина, вели Ан-Луиз Хитл, потпретседател во Вуд Мекензи, пренесе Танјуг.

„Цените во моментов се под притисок од очекувањата за бавен раст на побарувачката, и покрај европската забрана за увоз и утврдениот плафон на цената на Г7 за руската нафта. „Прилагодувањето на забраната на ЕУ и ограничувањето на цената веројатно привремено ќе ги поддржат цените на нафтата“, рече Хитл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП