26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден му даде „сигнал“ на Зеленски: Време е...

Бајден му даде „сигнал“ на Зеленски: Време е…

Американскиот претседател Џо Бајден му сигнализираше на украинскиот лидер Володимир Зеленски за потребата од разговори со Русија.

Ова го изјави Џозеф Џофе од Школата за меѓународни студии Џон Хопкинс.

„Бајден суптилно му навести на својот колега од Киев: време е да започнеме разговор со Путин“, напиша Џофе во написот за магазинот „Тајм“.

Според него, западните сојузници на Зеленски го штитат Киев од понатамошна ескалација за да не биде вовлечен во конфликт со Русија.

Тој посочи дека украинската влада треба да се подготви за компромиси, вклучително и „загуба на Крим“.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изрази уверување дека западните земји треба да ги убедат властите во Киев да седнат на преговарачка маса со Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП