11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Германија мора да ги зголеми платите“

„Германија мора да ги зголеми платите“

germany3

– Сакам Германија да има социјална политика во која конкурентноста нема да зависи од работата за 400 евра месечно, изјави Беноа Хамон, францускиот министер за економија.

Хамон ја повика Германија да ги зголеми платите со цел да обезбеди фер конкуренција.

Хамон кажа дека Германија исплаќа премногу ниски плати со цел да обезбеди предност во однос на остатокот од Европа. Тој ја повика наредната власт да „игра фер“.

„Јас сакам Германија да има социјална политика во која конкурентноста нема да зависи од работата за 400 евра месечно“, изјави Хамон и додаде дека сака Германија да не го заснова своето земјоделско стопанство на плати од седум евра на час.

„Тоа го сакам од наредната германска влада“, додаде тој.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Франција да ги намали платите со цел да стане повеќе конкурентна. Меѓутоа Хамон изјави дека повеќе не може да ги слуша повиците за реформи на пазарот за труд кога некои држави во Европа ги заобиколуваат директивите за вработувањето и ги потценуваат своите вработени.

Неодамна објавениот список за конкурентност покажува дека Франција паднала на 23-тата позиција, а Германија се искачила на четвртото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП