26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБританската војска купува „морско чудовиште“: се менува „играта“ – доминација

Британската војска купува „морско чудовиште“: се менува „играта“ – доминација

Британската армија потпиша договор вреден 15,4 милиони фунти за набавка на првата подморница без екипаж.

Подводниот дрон, чија должина од 12,2 метри одговара на должината на легендарниот лондонски автобус, црвениот двокатен, треба да биде испорачан на британската морнарица до 2024 година, пишува „Бизнис инсајдер“.

Првиот подморски дрон во Обединетото Кралство, наречен „Cetus“ (по Кети, морско чудовиште од грчката митологија), ќе се користи за заштита на критичната национална инфраструктура и следење на сомнителната подморска активност.

Министерството за одбрана вели дека Цетус може да „покрие“ илјада милји од океанското дно во една мисија и може да оперира на длабочини многу поголеми од оние со кои управуваат другите подморници од флотата на британската морнарица.

„Тоа ќе биде најголемата и најсложената подморница без екипаж со која управува европската морнарица“, се вели во соопштението на британската влада.

„Оваа извонредна автономна подморница комплетно ќе ја смени играта и ќе и помогне на Британија да доминира на подводното бојно поле“, вели адмиралот Бен Ки.

Веста за новиот британски дрон доаѓа откако големото внимание на западните сојузници беше предизвикано од подводната експлозија која нанесе големи штети на главниот гасовод Северен тек преку кој рускиот гас се „носеше“ до Германија и остатокот од Европа.

Обединетото Кралство одлучи дополнително да го заштити својот подводен простор откако островите во близина на брегот на Шкотска беа отсечени од надворешниот свет во октомври по мистериозното оштетување на подводниот интернет и телефонските кабли.

„За да одговориме на зголемените закани за нашата подводна инфраструктура, Кралската морнарица мора да остане пред конкуренцијата. Ние ја имаме вистинската работа за да ја заштитиме безбедноста на Обединетото Кралство и нашите сојузници“, рече британскиот министер за одбрана Бен Валас по потпишувањето на договорот за купување на подморницата без екипаж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП