Турција започна подготвителна работа на проектот за гасен центар предложен од рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува ТВ ТРТ.
-Како што знаете, Путин предложи да изградиме гасен центар во Турција за дистрибуција на гас во Европа, а за тоа се во тек подготвителни работи, рече Ердоган на средбата со младите во градот Шанлиурфа на југоистокот на земјата.

