16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре ќе бидат блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Утре ќе бидат блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници утре во Скопје почнувајќи од раните утрински часови ќе има посебен сообраќаен режим потврди поладневно Министерството за внатрешни раобти.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 05.12.2022 (пoнеделник), поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ – крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата)“, се вели во соопштението од МВР.

Приватните превозници протестираат откако градоначалничката Данела Арсовска одби да преговара со нив и објави дека ќе има нов јавен повик за приватни превозници. ЈСП го раскина договорот и со „Слобода превоз“. Претходно беше раскинат договорот и со „Макекспрес.

Од ЈСП признаваат дека има долгување кон приватните проевознци, но велат дека долгот е наследен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП