20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЊујорк ангажира „крвожеден офицер“ да води борба против стаорците

Њујорк ангажира „крвожеден офицер“ да води борба против стаорците

Канцеларијата на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс објави оглас за ангажирање на службеник кој ќе води борба против стаорците во градот. Официјалниот назив на позицијата е „директор за намалување на бројот на глодари“.

Годишната плата се движи од 120.000 до 170.000 долари. „Идеалниот кандидат треба да биде многу мотивиран и донекаде крвожеден, решен да ги погледне сите решенија од различни агли, вклучувајќи собирање податоци, технолошки иновации, управување со отпад и масовно колење“, се вели во огласот.

Водачите на Њујорк со генерации се обидуваат да ја контролираат популацијата на глодари, но гледањето на овие животни во парковите, на тротоарите и на други места во градот станува се почеста појава.

Њујоршките стаорци ги преживеаја напорите на поранешниот градоначалник Бил де Блазио, кој потроши милиони долари за почесто собирање ѓубре и подобри инспекции за домување во целните населби.

Градот исто така започна програма за користење на сув мраз за задушување на стаорци во нивните скривалишта.

Додека служел како претседател на округот Бруклин, Адамс вовел стапица која се состои од кофа полна со отровна супа во која стаорците ќе се удават, намамени од мирисот на храната.

Сега неговата канцеларија бара врвен бирократ кој ќе стане заштитно лице на напорите за искоренување на стаорците и едукација во градот.

„Итрите, незаситни и плодни стаорци се легендарни по своите вештини за преживување, но тие не го водат овој град, ние го управуваме“, се вели во соопштението, како што пренесува Асошиејтед прес. Њујорк е познат низ САД по големиот број стаорци.

Според владините податоци, њујорчани пријавиле дека виделе стаорци дури 21.000 пати од почетокот на годината до крајот на септември, што е за 71% повеќе отколку во исто време во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП