3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНАСА разоткри голем руски грабеж?

НАСА разоткри голем руски грабеж?

Оваа година Русија на украинските полиња собра жито во вредност од приближно една милијарда долари, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Околу 5,8 милиони тони пченица се собрани на полиња во подрачја „кои не се под украинска контрола“, објави НАСА Harvest, програма на агенцијата за безбедност на храна и земјоделство, а пренесе германската агенција dpa.

NASA Harvest во соработка со неколку партнерски институции користела сателитски податоци и моделирање за истражување, пренесува Јутарњи лист.

Вкупно, годинава на украинска територија се собрани 26,6 милиони тони пченица, што е значително повеќе од минатогодишните предвидувања, проценуваат научниците вклучени во истражувачкиот проект.

Иако ова е намалено од минатогодишниот рекорд од 33 милиони тони, обемот е сè уште блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони.

Украина немаше пристап до 22 отсто од житото во источниот дел на земјата поради тековната војна.

Според НАСА, вкупно 88 отсто од минатогодишните зимски култури биле собрани во области кои не се контролирани од Украина. Неожнеаното жито најчесто се наоѓа на полињата во близина на линијата на фронтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП