5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМАСК ОТВОРИ АНКЕТА НА ТВИТЕР: Дали да се помилуваат Асанж и Сноуден?

МАСК ОТВОРИ АНКЕТА НА ТВИТЕР: Дали да се помилуваат Асанж и Сноуден?

Американскиот милијардер и сопственик на Твитер, Илон Маск, денеска на својот профил објави анкета во која ги праша корисниците на оваа социјална мрежа дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж и поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден треба да бидат помилувани.

Не кажувам мое мислење, но ветив дека ќе направам анкета. Прашувам дали Асанж и Сноуден треба да бидат помилувани – изјави Маск и понуди две опции – „да“ и „не“.

Асанж (51) се соочува со 175 години затвор во САД под обвинение за објавување доверливи информации. Тој е во затвор со максимална безбедност во Британија, Белмарш, објави ТАС С. Водечките западни медиуми, вклучувајќи ги и „Њујорк тајмс“, „Гардијан „Тајмс“, Монд“ и „Ел Паис“, ја повикаа американската влада да се откаже од обвиненијата против Асанж за објавување доверливи информации. Асанж неодамна поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права поради можна екстрадиција од Велика Британија во САД.

39-годишниот Сноуден излезе во јавноста во 2013 година со информации за методите на електронско следење на американските разузнавачки агенции, вклучително и нелегалното прислушување на странски лидери. Тој побегна од САД и побара азил во неколку земји, вклучително и Русија. Москва му даде дозвола за престој на 1 август 2014 година, а оваа недела доби руски пасош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП