20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБЕРЛИН ПОДГОТВЕН ДА ПРЕГОВАРА СО МОСКВА: Шолц за договор со Русија

БЕРЛИН ПОДГОТВЕН ДА ПРЕГОВАРА СО МОСКВА: Шолц за договор со Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека мирот во Европа зависи од заживувањето на безбедносните договори. И покрај неговата очигледна подготвеност да соработува со Москва во иднина, Шолц ја отфрли можноста за враќање на „партнерството“ од минатото.

– Треба да се вратиме на договорите што ги имавме во последните децении и кои беа основа за мирот и безбедносниот поредок во Европа, изјави Шолц на берлинската безбедносна конференција, пренесува „Тајмс“.

Според него, во Берлин постои „подготвеност“ со Москва да се разговара за договорите за контрола на вооружувањето и ракетно распоредување, но „изградбата на овој мировен поредок ќе зависи од тоа дали Русија ќе се согласи на некои значајни отстапки“.

Рускиот претседател Владимир Путин и канцеларот Шолц вчера имаа телефонски разговор и разговараа за различни ставови за ситуацијата во Украина. По тој повод рускиот лидер го повика Берлин да го преиспита својот пристап кон настаните во Украина.

Во разговорот беше нагласено дека вооружените сили на Русија долго време се воздржуваа од целни ракетни напади на територијата на Украина, но сега таквите мерки станаа принуден и неизбежен одговор на провокативните напади на Киев врз руската цивилна инфраструктура, мостот на Крим и енергетски објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП