21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Ирска излезе од рецесија

Економијата на Ирска излезе од рецесија

dablin1

Економијата на Република Ирска излезе од рецесија во вториот квартал и оствари раст од 0,4 проценти благодарение на зајакнувањето на градежниот сектор и извозот, покажуваат официјалните податоци кои беа објавени денес.

Ирска падна во рецесија на крајот на 2012 година, но закрепна во вториот квартал од оваа година, соопшти националниот Завод за статистика.

Економијата на Ирска слабееше во претходните три квартали, а во првиот квартал од оваа година падот беше на ниво од 0,6 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Градежниот сектор зајакна во вториот квартал за 4,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Економските аналитичари очекуваат дека и секторот за недвижнини наскоро ќе го допре дното и потоа ќе започне да се опоравува.

Ирска е една од членките на еврозоната која во екот на должничката криза беше принудена да земе странска финансиска помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП