Земјите од Г7, како и Австралија, постигнаа консензус во преговорите за одредување на горната цена на руската нафта, која може да се купи без страв од санкции. Одлуката ќе стапи на сила на 5 февруари 2023 година, се вели во заедничкото соопштение на американското Министерство за финансии.
„Ја потврдуваме нашата одлука дека плафонот за цените на руските нафтени деривати ќе стапи на сила на 5 февруари 2023 година. Ќе ги објавиме максималните цени за руските нафтени деривати одделно“, се вели во соопштението на коалицијата.

