26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО: Околу 90 отсто од светската популација има некаква форма на имунитет...

СЗО: Околу 90 отсто од светската популација има некаква форма на имунитет на коронавирусот

Најмалку 90 отсто од светското население има некаква форма на имунитет на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, но предупреди на намалената будност на населението према вирусот.

„Тој пад на будноста ја остава отворена вратата за појава на нова варијанта која најверојатно ќе се прошири и ќе ја замени моментално доминантната омикронска варијанта“, рече Гебрејесус на прес-конференција.

Според него, најмалку 90 отсто од светската популација моментално има некаква форма на имунитет на вирусот САРС-КоВ-2, било преку хронично заболување или преку вакцинација.

Гебрејесус рече дека е премногу рано да се каже дека пандемијата на корона вирусот е завршена. „Сè уште не сме стигнале до крајот“, рече тој.

„Недостигот од надзор, тестирање и вакцинација продолжува да создава совршени услови за појава на загрижувачка нова варијанта што може да предизвика висока стапка на смртност“, предупреди шефот на СЗО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП