5 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИЕврото влегува во историски раст наспроти доларот!

Еврото влегува во историски раст наспроти доларот!

eurusdmoney1

Валутниот пар EUR/USD после 8 месеци стабилност и движење на цената во зоната помеѓу 1,2800 и 1,3350 конечно влегува во една нова горна зона пробивајки го долгогодишниот отпор 1,3350 и најверојатно започнува еден нов значителен тренд во горна насока.

При пробивот на цената над 1,3350 која неколку пати годинава значеше еден максимален лимит или непробивен отпор, сега постанува поддршка или минимална цена во новата зона. Моментално цената изнесува 1,3535 и можна е една сосем мала корекција до 1,3476 или најмногу до 1,3416 доколку воопшто се случи, а очите на големите институционални трговци се вперени за купување повторно на EUR/USD и туркање на цената се до еден нов рекорд до максималната цена 1,3660 која беше и највисока за 2013 година во месец јануари.

Наш предлог е да внимавате со продавање на EUR/USD и да размислувате како да го искористете новиот силен нагорен тренд во ваша полза, купувајки на подобра цена од евентуалните корекции и собирање на профитите на повисоки нивоа.

Наш таргет или цел на купувањето на EUR/USD е првиот поголем отпор на 1,3660!

Доколку дадеме налог за купување со големина од 1 лот од цена 1,3476 или 1,3416 на Форекс сметката и цената достигне до нашата цел 1,3660 заработката ќе изнесува 1900 долари или 2500 долари од пониската цена на купување, или доколку налогот е со обем од 10 лота профитите ќе изнесуваат 19 000 или 25 000 долари. Секако за микро трговците постојат и помали обеми за тргување од 0,1 или 0,01 лот, каде и профитите или евентуалните загуби ќе бидат помали.

eurusd-prodaily20_09

Ваш најдобар брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП