Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за разговори со американскиот претседател „за да се обезбедат интересите на Москва“, соопшти денеска Кремљ.
Сепак, портпаролот Дмитриј Песков изјави дека е тешко да се најде заеднички јазик за разговор бидејќи САД не признаваат „нови руски територии“, пренесува Index.hr.
„За да ги постигнеме нашите цели, Путин е отворен за разговори со сите страни. Најпосакуваниот начин да ги постигнеме нашите цели е преку дипломатски средства“, соопшти Кремљ.
На прашањето дали Русија е подготвена да ја напушти Украина по речиси десет месеци војна, портпаролот рече: „Специјалната воена операција продолжува“.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека не планира веднаш да контактира со Путин, но дека ќе разговара со него доколку Путин покаже интерес за завршување на војната. Бајден рече дека тоа ќе го стори само во договор со сојузниците во НАТО.