Воспоставување деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности е целта на делегацијата од дваесетина турски компании, членови на Стопанската комора на Бергама, која до 21 септември престојува во посета на Република Македонија.

Турската бизнис-делегација ја сочинуваат реномирани компании од oбласта на земјоделие и прехранбена индустрија, недвижности, производство на мебел, земјоделска механизација, градежништво, текстил и друго.
Поради пројавениот голем интерес од страна на турските компании за средба со македонските компании, Стопанската комора на Македонија организира и деловни средби заради зголемување на бизнис-релациите меѓу двете држави, како и идентификување нови можности и алатки за соработка.
По завршувањето на официјалниот дел ќе бидат организирани деловни средби меѓу македонски и турски компании, со можност за започнување успешна деловна соработка.