Со цел исполнување на обврските на Операторот на дистрибутивниот систем за спречување на злоупотреби и манипулации на пазарот на електрична енергија, Електродистрибуција достави информација до засегнатите државни институции за тоа кои бизнис корисници не ги исполнуваат условите да се снабдуваат од Универзалниот снабдувач на регулиран пазар.
Ова е согласно Одлуката на Владата на РСМ за преземање на мерки во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

