25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНАФТАТА ВО БЛАГ ПАД, ДОЛАРОТ ВО ЗАГУБА: Еве каква е вредноста на...

НАФТАТА ВО БЛАГ ПАД, ДОЛАРОТ ВО ЗАГУБА: Еве каква е вредноста на еврото на светскиот девизен пазар

На девизните пазари, доларот остро падна во однос на кошницата валути втор ден по ред, спуштајќи се близу тримесечните најниски нивоа.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,85 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,70 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 136,75 на 135,25 јени, што е најниско ниво во последните три и пол месеци.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0510 долари, додека вчера во ова време беше 1,0435 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,25 отсто, на 86,60 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,35 отсто, на 81,05 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП