2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтоп за врсничкото насилство во училиштата

Стоп за врсничкото насилство во училиштата

Аналитика постојано апелира и укажува на итноста од превенција и справување со врсничкото насилство како негативна општествена појава.

Нашето истражување покажа дека високи 63% од учениците потврдуваат дека насилството е постојано присутно во училиштата. Дури 70% од учениците сведоци се на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават а да останат аноними пријавувачи. Најголем број од нив, дури 60% го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, а во висок процент е присутно и психичкото (43%) и сајбер насилството (27%).

Од Аналитика сметаат дека за да се спречи насилното однесување на учениците, особено е важна континуираната и здрава соработка помеѓу родителите и училиштата. Од добиените одговори забележуваме дека 60% од учениците посочуваат на ниска соработка и вклученост помеѓу родителите, наставниците и стручните служби во училиштата. Родителите се најмногу заинтересирани за успехот на нивните деца, а многу помалку за училишната клима и вонучилишните активности кои имаат за цел да ја поттикнат креативноста на учениците, да развијат вештини кај нив,  и да создадат безбедна и здрава околина.

Образовниот систем, односно училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото. Важно е да се воспостави  отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата. Потребно е стручната служба да работи на развој на врсничка едукација за подигање на свеста за постоење и превенција на насилството, на многу повисоко ниво, со што ќе придонесе во намалување на насилството во училиштата.

Она што е потребно е да се работи континуирано на превенција на насилство. Системот треба да понуди правни механизми за справување со врсничкото насилство. Потребно е да се работи со децата кои се жртви на насилство и да добијат соодветна психолошка поддршка. Додека истовремено неопходно е да се работи со децата ‚‚насилници‚‚ со цел да се превенира вакво однесување во иднина. Затоа апелираме дека од огромна важност е да се организираат врснички работилници во секое училиште во земјава каде децата ќе се стекнат со алатки и вештини за препознавање и превеција на насилството.

Клучно е континуирано да се вложува во личниот и професионалниот развој на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, со цел истите да стекнат и развијат поголеми вештини и компетенции кои би придонеле во креирањето на подобра училишна клима.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП