19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ford“ веќе произведе 150.000 електрични возила - „Mustang“

„Ford“ веќе произведе 150.000 електрични возила – „Mustang“

„Ford“ ужива голема популарност кога станува збор за електричните возила во Соединетите Американски Држави – само во октомври беа испорачани 6.261 единици, што претставува зголемување од 120 отсто во споредба со октомври 2021-ва година.

Значителен дел од тој раст доаѓа благодарение на „Mustang Mach-E“, кој штотуку достигна важна производствена пресвртница. Од производната лента излегоа 150.000 примероци од електричниот кросовер, додека „Ford“ продолжува да ги проширува пазарите каде се нуди овој автомобил.

Масовното производство на „Mustang Mach-E“ започна во 2020-та година, а од октомври 2021-ва година, електричниот кросовер се произведува не само во САД, туку и во фабриката на „Ford“ во Чонгкинг, Кина.

До 2023-та година, овој модел ќе биде достапен за клиентите во вкупно 37 земји во светот, во споредба со 22 кога возилото беше лансирано пред две години.

„Кога го ставивме амблемот на пони на овој „Mustang“, знаевме дека ќе има скептици. Она што навистина не го знаевме во тоа време беше колку популарен ќе стане овој автомобил. Сакам да го гледам „Mustang Mach-E“ на патот и да разговарам со клиенти и да ги гледаме се повеќе и повеќе“, коментира Дарен Палмер од „Ford“.

Некои од најновите пазари на кои се појави „Mustang Mach-E“ се Нов Зеланд, Бразил и Аргентина, кои се дел од пошироката стратегија на „Ford“ да достигне годишно производство на електрични автомобили од 600.000 единици до крајот на 2023-та година.

До 2026-та година, производителот сака да започне со производство на повеќе од 2 милиони електрични возила секоја година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП