29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДо шпанскиот премиер испратено писмо-бомба

До шпанскиот премиер испратено писмо-бомба

Шпанската полиција пресретнала плико со пиротехничко средство адресирано до премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа во Мадрид, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека станува збор за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, Украинската амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон.

Писмо-бомбата пристигнала во воздухопловната база Торехон рано утринава и истрагата е во тек, пренесува АП.

Во Саргасо синоќа била откриена експлозивна направа во фабрика за оружје која произведува фрлачи на гранати што Шпанија ги испратила во Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.

Вчерашната експлозија во украинската амбасада се случила кога вработен отворил писмо адресирано до амбасадорот. Тој вработен е полесно повреден.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба нареди зајакнување на безбедносните мерки во сите украински амбасади. Тој побара од својот шпански колега да спроведе итна истрага за нападот.

Шпанскиот национален суд ја истражува експлозијата како терористички чин, а во амбасадата е распоредено дополнително обезбедување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП