25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWSJ открива како Русите го извезувале украдено украинско жито

WSJ открива како Русите го извезувале украдено украинско жито

Бродови поврзани со руската извозна компанија RIF Trading House LLC превезувале украдено украинско жито од Крим, објави денеска „Волстрит журнал“(WSJ).

Според наодите на американскиот весник, украинското жито било прошверцувано до пристаништето во Севастопол, каде било натоварено во помали пловни објекти, кои потоа биле префрлени на товарни бродови.

Потоа било транспортирано низ целиот свет.

Во извештајот на WSJ се тврди дека Русија продала „илјадници тони“ украинско жито низ целиот свет.

Користењето на помали бродови и држењето товарни бродови подалеку од Севастопол, наводно, го намалило ризикот купувачите да откријат дека житото било добиено незаконски.

Исто така, понекогаш се меша со извозот од Русија, „за дополнително да се прикрие потеклото на товарот“, наведува WSJ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП