19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ дизелот поевтинува, другите горива остануваат исти

Од полноќ дизелот поевтинува, другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 % во однос на одлуката од 28.11.2022 година.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,00 денара/лит.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 2.12.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 86,50 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 84,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (денара/литар)

Мазут М-1 НС – 41,810 (денар/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,230 %, кај дизелот 2,811 %, кај екстра-лесното 1,639 % и кај мазутот зголемувањето е 4,350 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,614 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП