12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Кралот на плишаните мечиња“ оди во затвор?

„Кралот на плишаните мечиња“ оди во затвор?

ty

Американскиот милијардер Тај Ворнер, кој е познат по популарните плишани играчки „Вeanie baby“, би можел да заврши во затвор поради затајнување на данок.

Ворнер пред судот признал дека ја мамел државата и се согласил да ја плати казната од 53 милиони долари, откако било откриено дека има сокриено три милиони долари во тајна швајцарска сметка.

Богатството на 69-годишен тајкун се проценува на 2.6 милијарди долари со што се најде на 209-то место на листата на Форбс на најбогати американци.

„Мојот клиент ја прифати казната со цела одговорност која е настаната од оваа несреќна систуација, која господинот Ворнер со години се обидува да ја реши“, вели адвокатот на Ворнер.

Сепак официјалните лица се уште не ја објавија спогодбата, па така медиумите и натаму шпекулираат дека Ворнер ќе заработи петгодишна затворска казна.

Обвинителот изнесе докази дека Ворнер во 1996-та година отворил сметка во една швајцарска банка, а дело од профитот од неговата компанија кој се префрлал таму никогаш го немал пријавено на даночните власти во САД.

„Вeanie baby“ се плишани играчки кои беа популарни во Америка во деведесетите години и многу од нив имаат колекционерска вредност. Се продаваат по цена од пет до седум долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП