25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски го покани Маск во Украина: Ако сакаш да разбереш што направи...

Зеленски го покани Маск во Украина: Ако сакаш да разбереш што направи Русија, дојди и види со свои очи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани американскиот милијардер Илон Маск да ја посети Украина за да ја види штетата што руската армија и ја нанела на таа земја, пишува Њујорк Тајмс.

Таквата посета може да му помогне на бизнисменот да ја разбере ситуацијата пред да даде изјава за тоа, рече Зеленски преку видео врска од настанот организиран од Њујорк Тајмс.

„Ако сакате да разберете што направи Русија овде, дојдете во Украина и тоа ќе го видите со свои очи. После тоа, ќе ни кажете како да ја завршиме оваа војна, кој ја започна и кога можеме да ја завршиме“, рекол Зеленски, наведе американскиот весник.

На почетокот на октомври, американскиот милијардер и основач на SpaceX, Илон Маск, на Твитер напиша дека Украина треба да остане неутрална, а Крим да и се отстапи на Русија.

Згора на тоа, според неговите зборови, „Крим формално е дел од Русија, како што бил во 1783 година.

Оваа изјава предизвика осуда на украинското општество, објаснува Радио Слободна Европа.

По критиките и реакциите од Зеленски, Маск рече дека се уште ја поддржува Украина, но се противи на „голема ескалација“ во руската војна против Украина.

Во февруари, Маск и даде терминали од Starlink на Украина бесплатно за потребите на украинската војска.

Во септември, компанијата на Маск, SpaceX, изјави дека не може да продолжи да ја финансира работата на терминалот и побара од Министерството за одбрана на САД да ги преземе овие трошоци.

Набргу потоа, Илон Маск изјави дека Старлинк ќе продолжи да работи во Украина без разлика дали Пентагон ќе плати за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП