23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна првата електрична „Opel Astra“ ФОТО

Пристигна првата електрична „Opel Astra“ ФОТО

„Opel“ го претстави својот прв целосно електричен компактен хечбек и караван – „Astra Electric“ и „Astra Sports Tourer Electric“.

Електричните верзии изгледаат речиси идентично со линијата на „Astra“ со SUS мотори, но имаат целосно електричен погон исто како сестринскиот „Peugeot e-308“.

Електричната „Astra“ е придвижувана од преден електричен мотор кој произведува 156 ks (115 kW) и развива 270 Nm вртежен момент.

Иако моќноста е иста како кај „Peugeot e-308“, вртежниот момент е зголемен за 10 Nm.

Возачот може да избере помеѓу три режими на возење – „Eco“, „Normal“ и „Sport“ – приоритизирање на опсегот или перформансите, во зависност од потребата.

Компанијата не ги откри податоците за забрзувањето, но се наведува дека максималната брзина е ограничена на 170 km/h. Ќе биде интересно да се види дали „Astra Electric“ ќе биде побрз на право (0-100 km/h) од помоќната „plug-in“ хибридната „Astra GSe“.

Литиум-јонската батерија од 54 kWh има доволен капацитет за „WLTP“ автономија од 416 km, и во хечбекот и во караванот.

Со помош на брз „DC“ полнач од 100 kW, батеријата може да се наполни до 80% капацитет за 30 минути.

„Opel“ тврди дека ставањето на батеријата под каросеријата не го намалува просторот за патниците и багажот.

Сепак, „Astra Sports Tourer Electric“ има капацитет на багажникот помеѓу 516 и 1.553 литри, додека еквивалентот со погон на SUS има 608 и 1.634 литри.

„EV“ ќе им се придружи на бензинските и „plug-in“ хибридните варијанти на „Opel Astra“ следната година, а нарачките ќе бидат отворени во пролетта 2023-та година. Цените ќе бидат објавени непосредно пред лансирањето на пазарот.

Исто така, се шпекулира за целосно електрична хот-хеч варијанта на „Astra“, која ќе седи над „plug-in“ хибридната „GSe“ варијанта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП