27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите Балканци се...

Најбогатите Балканци се…

ivica1

Најбогатиот човек на Балканот е хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ.

Според листата на Форбс, имотот на Тодориќ, сопственикот на „Агрокор“, се проценува на 581 милион евра.

На второто место е Санди Чешко од Словенија, кој се збогати со директна продажба на стока преку телевизија, а се проценува дека има 481 милион евра.

Како што наведува Форбс, тој е скромна личност, нема ниту секретарка ниту викендица, а на работа оди со велосипед.

На третото место е Миодраг Костиќ од Србија, чие богатство е проценето на 234 милиони вера. Неговата компанија, се состои од 36 меѓусебно поврзани фирми.

На четвртото место е сопственикот на „Атлантик групацијата“ од Хрватска Емил Тедески, кој поседува 145 милиони евра.

Српскиот државјанин Вук Хамовиќ, кој се занимава со енергетика, го завзема петтото место. А на шестата позиција е Македонецот Минчо Јорданов, кој во своја сопственост ја има компанијата „Макстил“, болницата „Ремедика“, ракометниот клуб „Металург“ и винаријата „Стоби“, според Форбс, неговото богатство изнесува 35 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП