26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го одобри планот за привлекување повеќе странски работници

Германија го одобри планот за привлекување повеќе странски работници

Германската влада денеска го одобри планот за реформа на законодавството за имиграција во земјата, изјави владиниот портпарол, цитиран од „Reuters“.

Владетелите на најголемата европска економија планираат да го отворат пазарот на трудот за работници од земји надвор од Европската унија, од кои има сериозна потреба.

Владата најави дека сака да ја зајакне имиграцијата и обуката за да се справи со недостигот на квалификувани работници што ја отежнува економијата на земјата во време на забавување на растот и во услови на стареење на населението, зголемен притисок врз јавниот пензиски систем, забележа агенцијата.

Планираните реформи на Законот за имиграција на квалификувани работници, кој првпат беше воведен во март 2020-та година, предвидува воведувањето на „картичка за можности за оние кои бараат работа“. Ќе се заснова на нов систем на бодови, вклучувајќи не само професионална квалификација на една личност.

Неквалификуваните работници ќе добијат и можност да мигрираат во Германија доколку Сојузната агенција за вработување утврди дека се потребни во одредени сектори од економијата.

 До крајот на годинава не се очекува да се подготви предлог-закон за воведување на планираните реформи во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП