18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефицата на ММФ ја повика Кина да ја ублажи стратегијата за борба...

Шефицата на ММФ ја повика Кина да ја ублажи стратегијата за борба против коронавирусот

Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави во Берлин дека е време Кина да престане да ја следи стратегијата за масовно затворање на населението за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Во интервју за АП, Георгиева ја повика Кина да ја „ресетира“ стратегијата „нулта ковид“, која го изолира секој случај на инфекција со вирусот, бидејќи таа стратегија „влијае на луѓето и економијата“.

Промената на стратегијата на Кина против корона вирусот ќе ги ублажи последиците за светската економија, која веќе се бори со висока инфлација, енергетска криза и нарушено снабдување со храна. Иако кинеските власти укинаа некои ограничувања по протестите во неколку градови, тие не ни навестија дека ќе се откажат од стратегијата бидејќи милиони жители со месеци беа затворени во своите домови.

„Гледаме колку е важно да се напушти масовниот карантин. Мерките за спречување на ширењето на коронавирусот не треба да имаат значителни економски трошоци“, рече Георгиева.

Георгиева, исто така, ја повика Кина да ја ревидира својата политика за вакцинација и да се фокусира на вакцинирањето на „најранливите луѓе“, бидејќи ниската стапка на вакцинација на постарите лица е главната причина поради која Пекинг прибегнува кон карантин, додека појавата на поопасни видови го зголеми притисокот врз властите да го спречат ширењето на вирусот.

Масовното затворање забави сè, од патување до малопродажба во втората по големина економија во светот.

ММФ очекуваше кинеската економија да порасне за само 3,2 отсто оваа година, што е под глобалниот просек за годината.

Комунистичката партија презеде чекори во насоката што Георгиева ја препорачува, да се пресели во изолирани згради или населби каде што се откриени инфекции, наместо да се изолираат цели градови и направи други промени за кои вели дека се насочени кон намалување на човечките страдања и економските трошоци, но и зголемување на бројот на инфекции во октомври ги присили кинеските власти да воведат карантин и други ограничувања што жителите ги сметаат за екстремни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП