2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Најавите за инвестиции во инфраструктурата значајни за градежните компании

ССК: Најавите за инвестиции во инфраструктурата значајни за градежните компании

sojuz1

– Сојузот на стопански комори на Македонија оценува дека најавите од премиерот Никола Груевски за инвестиции во капитални инфраструктурни објекти во наредниот период се многу важни за вклучување на домашните градежни компании како подизведувачи во изградбата.

– Нашите фирми не се способни да аплицираат на вакви големи тендери, но како подизведувачи многу од нив се користат како подизведувачи директно во големи патни инфраструктурни проекти, кои пак понатаму ќе придонесат за брз проток на патници и стока и за развој на туризмот. Овие капитални инвестиции ние ги бараме цело време затоа што тие прават реверзибилен процес на инвестиции во нашето стопанство, изјави денеска Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Груевски вчера во годишно обраќање пред бизнис заедницата најави инвестиција во два автопати во износ од 574 милиони евра без ДДВ. Владата, како што рече, пред неколку дена добила информација оти Ексим банката и Министерството за трговија на Народна Република Кина одобриле заем за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип од 50 километри со преференцијална камата од 2 отсто, како и дека е во завршна фаза на одобрување заемот за автопатот од Кичево до Охрид и Струга од 57 километри под истите поволни услови. Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години, од кои 5 години грејс период. Се очекува патиштата да почнат да се градат 3 до 4 месеци по одобрување на заемот од македонското Собрание.

Груевски ги претстави и проекциите за растот на економијата од 3,2 отсто и на буџетот за наредната година, кои што, според Калеников, се реални и може да се остварат. – За тоа е потребен деловен амбиент, ние забалежуваме доста подбрувања, градежништвото е во експанзија, а се надевам и дека зголемувањата на платите и на пензиите ќе влијаат на личната потрошувачка во Македонија која што е малку на пониско или на стагнантно ниво и треба да ја раздвижиме за да може да се остварат овие 3,2 отсто, рече Калеников.

Прашан дали Буџетот може да издржи зголемување на платите и пензиите, истакна дека во Македонија треба да се направи традиција со која секогаш зголемувањето на платите и на пензиите ќе биде 2 процентни поени повисоко од инфлацијата во таа година. – Ние го гледаме тоа од аспект на потрошувачката моќ на граѓаните. Тоа би го следеле како претпријатија, но за тоа треба целосен економски раст. Ако моите вработени оваа година земале бруто плата од 400 евра, а инфлацијата оди нагоре секоја година, а платата останува, тогаш нивната куповна моќ е намалена. И затоа треба да се настојува буџетот да биде проектиран со стабилни приходи за да може потрошувачката моќ на граѓаните да не биде на исто или минусно ниво, туку секоја година да се зголемува, наведе Калеников.

Во однос на пораките од премиерот за поголема општествена одговорност на бизнис заедницата претседателот на ССК коментира дека тоа е индивидуално и оти компаниите даваат толку колку што имаат. Сепак, истакнува, треба и државата повеќе да соработува на тоа поле со компаниите за кои тие пари се оданочени расходи и не влегуваат во ослободување. – Државата треба да најде начин како да ги стимулираме претпријатијата даинвестираат повеќе во општествената одговорност, рече Калеников.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП