Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека доколку НАТО почне да ја снабдува Украина со противвоздушни системи Патриот, тие заедно со персоналот на НАТО веднаш ќе станат легитимна цел на руската армија.
„Ако, како што навести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, НАТО почне да ги снабдува фанатиците од Киев со системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, тие, заедно со персоналот на НАТО, веднаш ќе станат легитимна цел на нашите вооружени сили. Се надевам дека атлантските импотенти го разбираат тоа“, напиша Медведев на социјалната мрежа Телеграм, пренесува РИА Новости.

