2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИбрахими: Нема измени на Законот за пезиско и инвалидско осигурување

Ибрахими: Нема измени на Законот за пезиско и инвалидско осигурување

penzioneri2

Измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе нема, одговри Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика, на прашањето поставено од пратеникот Јордан Пачков од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека и натаму ќе се оди во пензија со минимум 15 години работен стаж и навршени 64 години старост за мажи и 62 за жени.

Пратеникот Пачков во прашањето наведе дека се зборува во јавноста дека по примерот на соседна Србија ќе се предложат законски измени со кои во пензија ќе се оди со збир на годините на старост и на работен стаж и тоа со 90 години за мажи и 85 за жени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП