1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lancia“ има ново лого и нов дизајнерски јазик (ФОТО/ВИДЕО)

„Lancia“ има ново лого и нов дизајнерски јазик (ФОТО/ВИДЕО)

Италијанската компанија „Lancia“ покажа ново лого – осмо во својата 116-годишна историја и корпоративен идентитет, а откри и како ќе изгледаат идните модели во ерата на електричната мобилност. Амблемот во голема мера се заснова на логото од 1957-ма година, кое е автентичен скапоцен камен, и повторно замислува седум претходни верзии.

Брендот од Торино го опишува своето ново лого како „Progressive Classic“, бидејќи доаѓа со сите карактеристични елементи на историското лого, но интерпретирано во модерна форма. Како што се гледа на фотографијата, зачувани се сите препознатливи елементи – од воланот и знамето до карактеристичниот фонт.

Автомобилскиот дизајн ќе ги следи глобалните трендови во архитектурата и модата со поглед на „вечните нешта“. Така, на пример, ќе се зачува изгледот на решетката на ладилникот во форма на сад, но ќе се модернизира со помош на светлечки елементи.

Дизајнерскиот јазик на новата „Lancia“ се нарекува „Pu + Ra“ (од „Pure“ – чист и „Radical“ – радикал). Накратко, може да се опише вака – меките и сензуални форми на моделите „Aurelia“ и „Flaminia“, во комбинација со стилот на „Stratos“ и „Delta“, како и најновите трендови во мебелот, архитектурата и модата.

Волуметриските делови на автомобилите ќе се формираат со последователно раслојување, додавање и вкрстување на елементарни форми како круг, правоаголник и триаголник. Во принцип, треба да се добие нешто еклектично и целосно неавтомобилско.

Во внатрешноста, „Lancia“ ветува дека ќе го користи истиот принцип, црпејќи инспирација од дизајнот на италијанските дневни соби. Тонот ќе биде поставен со контрастни блокови од боја и едноставна архитектура со неочекувана перспектива.

Во однос на рециклирањето, „Lancia“ планира да ги надмине сите брендови во групата „Stellantis“. Околу половина од допирните површини ќе бидат направени од рециклирани или еколошки материјали. „Cassina“, компанија која создава дизајнерски мебел веќе 95 години, ќе биде партнер со „Lancia“.

„Lancia“ сега има десетгодишен план наречен „Renaissance“, кој ќе вклучува лансирање на модел на секои две години, почнувајќи од 2024-та година. Се работи за планот „Dare Forward“ на „Stellantis“, а брендот ќе продава само 100% електрични возила од 2028-ма година. Почнувајќи од 2024-та година, „Lancia“ ќе го лансира новиот „Ypsilon“, водечкиот модел и ќе ја воскресне иконската „Delta“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП