3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦарината ќе се поврзe со системот на ЕУ

Царината ќе се поврзe со системот на ЕУ

vanco

Царинската управа на Република Македонија ќе се поврзе со тарифниот систем на Европската унија. Поддршка за ова ќе добие од ЕУ преку два проекта од 2,4 милиони евра чија реализација почна денеска.

Според директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, ова е проект со кој се прави уште еден чекор во процесот на реформите кон ЕУ и ќе функционира пред Република Македонија да влезе во Унијата.

„Овој проект ќе придонесе кон градење на капацитетот на Царинската управа“, рече Каргов, посочувајќи дека во насока на приближување кон стандардите на ЕУ се користат повеќе програми, а преку ИПА програмата ќе се подобрува инфраструктурата на граничните премини Табановце и Ќафасан.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав посочи дека проектот обезбедува поефикасен систем на царина и оти е предност за спречување на недозволена трговија со стоки и корупцијата.

Тој додаде дека ќе продолжи поддршката на Царинската упава во зајакнување на нејзиниот капацитет и оти го поддржува приемот на Македонија во ЕУ.

Проектот претставува бизнис концепт што ги групира повеќето компјутерски системи кои служат за размена на информации помеѓу Европската Комисија и земјите – членки на ЕУ. Главна цел на проектот е да ги усогласи царинските ИТ системи со соодветните тарифни системи што ја сочинуваат ИТО на Европската Унија. Проектот ќе се спроведува една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП