27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБОРБА СО ОСТРИОТ РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА: Италија воведува данок од 50 отсто...

БОРБА СО ОСТРИОТ РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА: Италија воведува данок од 50 отсто на екстра приходите на енергетските компании

Владата на Италија планира да воведе данок од 50 отсто на дополнителните приходи што ги заработуваат енергетските компании од растот на глобалните цени на нафтата и гасот, објави Ројтерс, цитирајќи преглед на нацрт-буџетот на земјата за 2023 година.

Според извештајот, овој данок ќе се наплаќа на делот од приходот на некоја компанијата која го остварила во 2022 година, за кој е утврдено дека е најмалку 10 отсто поголем од просекот на компанијата помеѓу 2018 и 2021 година.

Сепак, данокот ќе биде ограничен на 25 отсто од вредноста на нето средствата на компанијата, која е евидентирана до крајот на 2021 година.

Според условите предвидени во буџетскиот план, се проценува дека цел на новиот данок ќе се најдат околу 7.000 компании кои произведуваат и продаваат природен гас, електрична енергија и нафтени деривати.

Италијанското Министерство за финансии минатата недела претстави поинаква верзија на предлог-буџетот, со данок од 35 отсто наместо 50 отсто, а кој требаше да се пресметува врз основа на остварената добивка, а не врз основа на приходите.

Сегашниот данок за енергетските компании во земјава е 25 отсто.

Конечната верзија на буџетот допрва треба да биде официјално објавена.

Италија се бори со нагло растечката инфлација, која минатиот месец достигна највисоко ниво во последните 40 години од 11,9 отсто на годишно ниво, најмногу поради високите цени на енергијата, кои скокнаа за 71,1 отсто на годишно ниво, покажаа официјалните податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП